Утринско кафе со Симона Тофиловска: Секој од нас има своја приказна, свои борби и соништа
Првото утринско кафе го пијам сама, тоа е мојот момент на мир и фокус. Уживам во тие кратки мигови на припрема за денот што следи. А најдобриот дел е што јас всушност, заработувам додека спијам.
1. Што ве привлече да започнете со Network Marketing?
-Она што на почетокот најмногу ме заинтригира беше можноста да ги зголемам своите приходи преку алатка која нема да ми наметнува конкретно работно време. Дополнително, идејата да градам свој тим и да им помогнам на другите да успеат беше голема мотивација за мене.
2. Како изгледа вашиот секојдневен живот откако започнавте да работите Network Marketing?
- Пред се, добив можност да го организирам времето онака како што мене најмногу ми одговара, без ограничувања. Работам кога сум најпродуктивна, посветувам време на важни проекти и уживам во моментите кога сакам. Оваа слобода ми овозможи да го живеам животот без константна трка со времето , што за мене е бесценето.
3. Што ви беше најголем предизвик при започнување со NМ?
-Најголемиот предизвик ми беше да ја одржам мотивацијата кога работите не одеа според планот. Но, научив дека секој предизвик е можност за раст. Оној момент кога ќе одлучите да излезете од својата комфорна зона, тогаш започнуваат да се случуваат вистинските промени. Во моментите кога сум помалку мотивирана се држам до дисциплината. Таа е клучен елемент за било што и да се одлучите да правите.
4. Како влијаеше овој бизнис на вашиот раст?
-NM го трансформираше мојот професионален, но и мојот личен живот .
Професионално, ги усовршив своите лидерски и комуникациски способности, учејќи како ефективно да мотивирам и водам тим. Стекнав длабоко разбирање на продажни стратегии и развив аналитички пристап кон планирање и извршување на задачи. Работата ми овозможи да ја зголемам мојата емоционална интелигенција, справувајќи се со различни личности и ситуации. Континуирано ги подобрувам своите презентациски вештини и способноста за решавање на проблеми, што резултираше со значителен професионален напредок.
На личен план, се здобив со поголема самодоверба и исполнетост, бидејќи имам можност да се поврзам со луѓе кои ме инспирираат. Оваа индустрија ми покажа дека со посветеност и верба во себе, можам да постигнам се што сакам , какви и да се предизвиците.
5. Кои се најголемите предности на продуктите што ги промовирате?
-Производите, особено парфемите се навистина уникатни и се издвојуваат по својот најсилен можен интензитет и долготрајност. Со 30% есенција, тие нудат најинтензивно и постојано присуство на мирис, кој трае многу подолго од останатите парфеми. Дополнително, истите се антиалергени , без додаток на вода и со алкохол исклучиво од растително потекло. Она што ги прави уште поатрактивни е пристапната цена, добивате врвен квалитет по многу разумна цена.
6. Што го прави вашиот МЛМ бизнис различен од другите?
-Дефинитивно квалитетот на производите што ги нудиме и непоколеблива поддршка од компанијата која не води.
7. Како би ги советувале оние кои размислуваат да започнат со Network Marketing?
-NM е неверојатна можност за секој што сака да направи вистинска промена во својот живот. Ова не е само алатка за дополнителен приход, туку и шанса да создадете сопствен бизнис и финансиска независност. Се разбира, доколку да ја сфатите оваа прилика сериозно и пристапите кон неа како кон професија. Преку овој бизнис модел имате прилика да работите со луѓе од различни профили , да градите своја мрежа на партнери, да создавате нови и да обновувате стари пријателства. Со правилен пристап, можете не само да постигнете финансиски успех , туку и да го трансформирате својот живот на личен и професионален план. Важно е да верувате во себе и во можностите кои ви се нудат, бидејќи NM има способност да ве однесе многу подалеку од тоа што можеби сте го замислувале.
8. Кои се вашите планови за иднината со NM?
-Моите планови во NM се амбициозни. Не само заради личен успех, туку и заради желбата да инспирирам други да го видат потенцијалот што го видов и јас. Овој бизнис ми отвори врати кон живот исполнет со нови искуства и предизвици. Мојот фокус е да ја ширам својата мрежа , да учам и да ги споделувам своите знаења со други, водејќи ги кон истиот успех.
9. Каква улога играат едукациите во Вашиот успех во овој бизнис?
-Едукацијата е клучен елемент за успех во еден ваков бизнис концепт. Нашата компанија не само што нуди врвни производи , туку и постојано организира бесплатни едукации кои ни помагаат да се развиеме како професионалци. Овие обуки опфаќаат различни аспекти-од продажни техники и комуникациски вештини до личен развој и лидерство. Секој тренинг е драгоцен бидејќи не опремува со знаења и вештини кои не само што ни помагаат да постигнеме подобри резултати во продажвата , туку и да изградиме посилна и поуспешна мрежа. Овие едукации придонесуваат да растеме на персонално ниво , да станеме посамоуверени и помотивирани , што директно се одразува и на нашите деловни резултати. Во овој бизнис, едукацијата е непрекинат процес кој секогаш не води напред.
10. Дали навистина заработувате додека спиете?
-Навистина заработувам додека спијам! Звучи како клише, но тоа е една од најубавите страни на мрежниот маркетинг. Додека одмарам, мојот тим продолжува да работи, и секој нивен успех придонесува за мојот пасивен приход. Замислете, го вложувате трудот однапред – градите тим, вложувате енергија и знаење – и потоа, дури и кога ќе ги исклучите алармите, резултатите продолжуваат да се множат. Тоа е како да сте посадиле градина која расте сама. Можам само да кажам дека, по долгиот ден, заспивам со чувство на исполнетост, знаејќи дека мојата работа има долгорочен ефект.
· Завршна порака
Секој од нас има своја приказна, свои борби и соништа. Ако барате нешто повеќе, нешто што ќе ви донесе стабилност, чувство на исполнетост и слобода, тогаш сте на вистинското место. Ако сте подготвени да направите исчекор, да се приклучите на тим посветен на успех, ве поканувам да ми се придружите. Заедно можеме да живееме според сопствени правила и да оставиме трага што ќе инспирира други.
*Симона Тофиловска – Network Marketing Координатор