Утринско кафе со Стефан Лазаров: Отсекогаш сум бил со големи визии кои биле исмејувани од другите

Не пијам кафе, никогаш не сум стекнал навика да пијам, па затоа денот го започнувам со чаша вода, а бидејќи се занимавам со аматерски фитнес, често знам и со протеински шејк. Исто така бидејќи работата ми почнува од 12:00 часот, утринскиот тренинг ми е неизбежен.

Ме мотивираат новите предизвици. Отекогаш сум бил со големи визии, идеи, посакувања кои биле исмејувани од другите, иако во повеќето ситуации сум го наоѓал патот да ги реализирам. Исто така ќе го споменам и стравот од неуспех, не зборувам за финансии, едноставно ме мотивира помислата за успех. 

Бидејќи работам во 1ТВ денот ми е навистина динамичен. Како што кажав најчесто денот ми започнува со утрински тренинг, а во 12 часот веќе почнувам да се подготвувам за тековната емисија на „Ексклузив“ ,а знаете како е тоа, мора се да биде перфектно. Завршувам околу 19 часот, па потоа доколку немам дополнителни работни обврски, знам да го искористам времето во дружење со пријатели, девојката, семејството.

Денот ми завршува со релаксирање. Сакам да се видам со другарите или девојката. Да се оттргнам од сите оние дневни работни обврски. Знам да пуштам филм, пасијата за играње плејстешн ми е останата од дете, па ете многу често знаеме да се собереме со пријателите и да се заборавиме од играње буквално неколку часа . Вечерта ја минувам со моето семејство. 

Да бидам искрен, знам да прочитам книга, но многу повеќе гледам филмови. Доста сум темпераментен, па доколку нешто навистина не ми е интересно, тешко ми го задржува вниманието. Обично криминалистички книги знаат да ме фасцинираат, па да се задлабочам во читањето. Но, сепак, добра комедија си е добра комедија.

(Стефан Лазаров-водител во 1ТВ)