Утринско кафе со Валери Димовска: Утринското кафе обожувам да го пијам со мајка ми

Денот ми почнува со алармантно будење од моето куче, или со по некоја играчка на глава. Утринското кафе обожувам да го пијам со мајка ми. 

Обврска ми е да го прошетам моето куче, потоа обично одам во студио и работам на мои нови проекти. Денот секогаш ми завршува различно,во зависност од тоа како сум го поминала претходно, но најчесто после долго поминато време во студио, сонот многу брзо ми почнува.

Искуствата во животот ме мотивираат најмногу. Обожувам да гледам филм, немам време да го правам тоа често, но секогаш гледам да оддвојам време за добар филм, уште поубаво и кога би било тоа во кино.

Повеќе сакам да гледам филмови, поретко читам книги, последна книга што ја читав беше „Љубовта трае три години“. Исто многу сакам да одам во театар, тоа ме исполнува и ме опушта. Како хоби ми е вежбањето јога или цртањето.


(Валери Димовска-пејачка)