Утрово г-ѓа Макрон гласаше во најдобрата класична комбинација на сите времиња: Во фармерки и бела кошула (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Во Франција денеска се одржуваат претседателски избори, а граѓанската должност утрово во Париз ја извршија Емануел и Брижит Макрон кои се уште на чело на оваа земја. И додека Емануел избра тегет костум и капут во иста боја, неговата 24-години повозрасна сопруга привлече многу поголемо внимание.

Првата дама на Франција, негува едноставен и минимален стил во кој царуваат класични парчиња, но секогаш совршено скроени од најквалитетни материјали.

И покрај едноставноста на нејзиниот стил, Брижит секогаш изгледа многу елегантно, а во исто време модерно, па така беше и овој пат.

Г-ѓа Макрон излезе на гласање во прекрасно, луксузно палто до колена во боја на слонова коска, а го надополни со обична бела блуза и бела, свилена марама.

Брижит ја заокружи комбинацијата со тегет, кожени салонки со високи потпетици и тесни, темни фармерки кои никогаш нема да излезат од мода, а секогаш се добар избор во ситуации кога сакате да постигнете неприкосновен, а сепак елегантен впечаток.

извор:zenablic

фото:profimedia