Ужасни детали за самоубиството на тинејџер од Панчево: Драган скокнал со ранец полн со камења и цигли

фото:FACEBOOK/IRENA IRENINI CVETICI/PRINTSCREEN

-Во еден момент видов полицајци и нуркачи како држат ранец и од него вадат камења и цигли, вели очевидец.

Тинејџерот Драган Дрлиќ (15) од Панчево, откако мистериозно исчезна, неговото тело беше извлечено вчера од Тамиш - извршил самоубиство.
Според очевидци и негови познаници, тој скокнал во Тамиш со ранец полн со камења и цигли.

Драган последен пат бил виден на кејот Тамиш во вторникот, околу 11 часот, по што било пријавено неговото исчезнување. Неговата мајка го поминала скоро целиот ден на реката чекајќи какви било информации за нејзиниот син. За жал, околу 17 часот, вчера, нуркачите го извлекоа неговото тело.

Жена од Панчево, која се нашла на самото место во тој момент, вели дека доживеала голем шок кога дознала како починало момчето.

- Шетав покрај кејот во Панчево со синот. Не знаев ни што се случува, ниту имав слушнато во медиумите. Додека одевме покрај кејот, видов гужва. Се приближивме и видовме дека тело е извлечено. Веднаш го одведов синот, бидејќи е мал, за да не види што се случува. Сепак, во еден момент забележав полицајци и нуркачи како држат торба и од неа вадеа камења и цигли - вели една од панчевчанките која сака да остане анонимна и додава:

- Воопшто не разбрав дека ранецот има врска со момчето. Дури подоцна поврзав дека тоа е неговиот ранец и дека скокнал со него. После тоа, некои други луѓе ми ја потврдија таа приказна. Што е уште полошо, се покажа дека јас го познавам и семејството на момчето... Ужасно... млад живот и уште потешко ми е кога ќе се сетам на неговата мајка- вели жената.

Како што дознаваат српските медиуми, Драган раскинал со својата девојка и тоа силно го погодило. На неа и нејзината најдобра пријателка им оставил проштално писмо и подароци - ангел-приврзок за поранешната девојка, а омилените стрипови за неговата пријателка.

Тим нуркачи ја пребарувале реката Тамиш од 15 часот, но за жал, телото е пронајдено околу 17 часот.

извор:24sedam.rs