Уживаат во убавините на Бодрум: Катарина Ивановска и Перо Антиќ на заеднички одмор во Турција (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фотографиите на социјалните мрежи ги издадоа дека заедно уживаат во Бодрум...

Една од најпознатите манекенки Катарина Ивановска и кошаркарот и претседател на КФМ, Перо Антиќ, веќе некое време се во емотивна врска. Тие двајца никогаш јавно не проговорија на оваа тема, освен што минатото лето манекенката во куса изјава за „Бекстејџ“ откри дека се среќни заедни.

Дека во љубовта им цветаат рози, говори и фактот што деновиве уживаат на заедничкото летување. Како дестинација го одбраа преубавиот Бодрум, а иако поактивен на социјалните мрежи е кошаркарот, сега се јави и манекенката.

Таа сподели неколку фотографии од плажа, а посебно внимание привлече онаа на која Катарина лежи на грбот на непознат маж. Во едно од понатомошните сториња откри дека тоа е Перо Антиќ, бидејќи на својот профил го сподели сторито на кое тој претходно ја имаше означено.

фото: Принтскрин / Инстаграм