„Уживајте додека можете и заборавете на предрасудите“: Неда Украден воодушеви во розов костим за капење во осмата деценија од животот (ФОТО)

Неда Украден повторно воодушеви со својот изглед.

Неда Украден е пејачка која покрај успешната кариера може да се пофали и со неверојатен изглед во осмата деценија од животот. Таа се уште настапува енергично и ужива да биде со публиката на концертите.

Пејачката често објавува различни фотографии на Инстаграм, а секоја нејзина објава од море привлекува големо внимание во јавноста.

- Да ми речеше некој „животот е убав“ и кога ќе стигнеш до 7 банки, дека ќе пеам, ќе патувам, ќе уживам во семејството, работата, животот - ќе реков: „се шегуваш“. Но, тоа е вистина! Затоа, уживајте колку што можете и додека можете. Оставете ги предрасудите! Внука ми вели: „застани, да ти се сликам“. И еве ја сликата – напиша Неда под објавата.


Да потсетиме, Неда неодамна ја откри тајната на својот изглед, како и на што се придржува.

- Одржувањето на добра форма и нешто што ви останало во наследство како подарок може да го направите само со дисциплина - диета и вежбање. Особено кога сте во зрели години. Секако, не е секогаш лесно бидејќи не живееме лесен живот во кој се може да се испланира. Но, доволно е свесноста за тоа, како и емотивната среќа и исполнетост – рече пејачката.

извор:GLOSSY