Здравје // Совети
УЖИВАЈТЕ ВО ОСВЕЖИТЕЛЕН ПИЈАЛОК: Оваа витаминска вода ќе ве препороди
Доколку спаѓате во групата на оние кои не сакаат да пијат вода и на кои им смета нејзиниот вкус, а сакате да уживате во освежителните пијалоци, ќе ве воодушеви овој рецепт за домашна витаминска вода.
Состојки:
-2 литри вода
-1 лажичка свеж изрендан ѓумбир
-1 краставица со средна големина
-1 лимон
-12 листови нане
Подготовка:
Краставицата и лимонот исечкајте ги и ставете во стаклен сад со поголем отвор или тегла. Потоа додајте ги останатите состојки и се прелијте со вода.
-Водата ставете ја во фрижидер најмалку 8 часа па повремено и лесно промешувајте.
Состојките во домашната витаминска вода имаат посебно благотворно дејство на стомакот бидејќи го регулираат варењето а со тоа го ослободуваат телото од наталожените токсини.