Вака изгледа македонскиот сертификат за вакцинација: Матичните лекари го издаваат на сите кои примиле две дози од вакцината

Добивај вести на Viber

Сите граѓани кои ги примиле двете дози од вакцината против Ковид-19 може да си го земат сертификатот од својот матичен лекар. Станува збор за двојазичен документ на мекедонски и на англиски јазик во кој се внесени личните податоци на лицето, како и тоа која вакцина ја примило, датумот на аплицирање и вакциналниот пункт. Во долниот дел на сертификатот за Ковид-19 вакцинација стои бар код со кој практично се докажува дека лицето е имунизирано против корона вирусот. Сертификатот за Ковид-19 вакцинација е заверен со дигитален печат од Министерството за здравство.

Матичните лекари со кои контактираше Фактор велат дека засега мал број од нивните пациенти си го побарале документот, но појаснуваат дека луѓето најверојатно се малку информирани околу ова, па и не знаат дека може веднаш да си го земат потребниот документ.

-Почнавме да ги издаваме сртификатите. Во нашата амбуланта има голем број пациенти кои веќе ги примија двете дози од вакцината против-корона вирусот, но станува збор пред се за повозрасни луѓе, кои и не знаат дека може да си земат ваков документ. Помладите се јавија телефонски, бараат да им го препратиме на мејл, а дел од нив дојдоа и лично да си го подигнат. Ние секако овој сертификат го издаваме бесплатно, тој понатаму ќе послужи при патувањата, велат од неколку приватни ординации матичните лекари.

Дел од европските земји, и воопшто земјите во светот каде масовно се вакцинира населението, веќе најавија големи олеснувања за вакцинираните. Први тоа го сторија Израел кои дозволија вакцинираните да може да присуствуваат на културни, спортски и други збиднувања. Од регионот, српските власти исто така размислуваат за одредени привилегии за вакцинираните, а од вчера и Германија најави дека за вакцинираните на пример нема да важи полицискиот час.

Најголемата придобивка е секако слободното патување откако ќе се добие сертификатот за вакцинација, но некои од граѓаните кои ги прашавме, велат дека на прво место им е здравјето.

Текстот продолжува на Фактор.мк, повеќе за придобивките од овој сертификат, читајте овде.