Вака изгледаат среќа и олеснување: Урнебесни фотки на Никол Кидман неколку секунди по разводот од Том Круз

Добивај вести на Viber

Ако има еден пример за чиста и искрена радост на една од папарацо фотографиите на светските ѕвезди, тоа дефинитивно се оние што се направени пред канцеларијата на Никол Кидман на денот кога таа официјално се разведе од Том Круз.

Поминаа повеќе од 20 години од тој ден, и тоа е и понатаму еден од најненадминатите моменти во Холивуд.

На почетокот на февруари 2001 година, австралиската актерка Никол Кидман и американскиот актер Том Круз дефинитивно се разведоа, а тој поднесе барање за развод. Медиумите го следеа секој детал од колапсот на оваа љубов, имаше многу шпекулации зошто раскинале, а Круз како причина во судските документи ги наведе „непомирливите разлики“.

Правната борба траеше седум долги и мачни месеци, а потоа еден ден Никол го потпиша последниот лист во канцеларијата на нејзиниот адвокат и излезе на улица зрачејќи со најчистите емоции - олеснување, радост, возбуда...

Актерката ги крена рацете во воздух, ја фрли главата наназад, ги затвори очите и се насмеа поискрено отколку во која било нејзина улога или прилика во која ја имавме видено.


Никол и Том се заљубиле во 1989 година, на сетот на „Days of Thunder“, каде глумеле двојка. Уште во февруари 1990 година Том се разведе од сопругата Мими Роџерс, а само неколку месеци подоцна Никол Кидман и тој си кажаа „да“. Тие се венчаа во Колорадо, а Кидман, која тогаш имаше само 23 години, подоцна, во интервју за Vanity Fair една година по разводот, рече дека Круз лесно ја освоил.

фото:Profimedia

- Всушност ме собори од нозе. Лудо, страсно се заљубив – признала Никол.
- Беше огромна ѕвезда, сè уште е. Но, за мене тој беше само Том, иако беше многу поголем за сите. Тој ми беше прекрасен и го сакав. Сè уште го сакам - рече тогаш таа.

Таа за People изјавила дека нивниот заеднички живот е совршен и дека ѝ требало долго време да ги залечи раните од разводот.

- Тоа беше шок за моето тело. Имавме прекрасна врска. Бев толку оштетена и не бев сигурна дали ќе можам повторно да сакам - искрена беше Никол. 

Парот посвои две деца заедно - ќерката Изабел и синот Конор, кои изгубија секаков контакт со актерката поради нејзиното повлекувањето од скиентологијата по разводот со Том.

Иако имаше многу шпекулации за нивната љубов и развод, Никол никогаш не сакаше да открие што толку многу ја мачело што била толку среќна и не можела да го сокрие олеснувањето по потпишувањето на документите за развод. Во една прилика таа се пошегува на сметка на Том и нејзината разлика во висина.

- Сега можам да носам штикли. Одиме понатаму – изјави таа во една ТВ емисија.

По разводот, Никол се вљуби во музичарот Кит Урбан, со кого се омажи во 2006 година и со кој ги има ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.

фото:Profimedia


извор:GLOSSY