Вака Лепа Брена се подготвува за Архангел Михаил: Пејачката и домашната помошничка се забавуваат и танцуваат додека ги подготвуваат сармите (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пејачката и нејзиниот сопруг се познати како добри домаќини и водат сметка за секој детаљ, од храна до забава...

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ утре го слават Свети Архангел Михаил, а во нивниот дом на Бежаниска коса веќе почнаа подготовките.

Пејачката и нејзиниот сопруг се познати како добри домаќини и водат сметка за секој детаљ, од храна до забава.

Сега нивниот син Виктор Живојиновиќ на својот Инстаграм профил објави видео од кујната и покажа како течат подготовките.

Брена и нејзината домашна помошничка се веселат во кујната на песна од Џани, танцуваат и пеат, а нема сомнеж дека трпезата ќе биде на високо ниво како и секоја година.

„Започнаа подготовките“ - напиша Виктор.


За потсетување, домашната помошничка на Лепа Брена стана хит на социјалните мрежи кога им даваше совет на луѓето како да се борат со пандемијата.

фото: Принтскрин / Инстаграм