Вака Милан Станковиќ ослабе 15 килограми: Пејачот следеше популарна диета, и ова не го јадеше никако
Пејачот Милан Станковиќ се повлече од јавноста, се сврте кон религијата, а за неговиот приватен живот малку се знае.
Тој синоќа се огласи на Инстаграм и покажа како се храни. Инаку, Станковиќ одреден период имаше вишок килограми, но успеа да ослабе 15 килограми и да си ја врати фигурата од порано.
Тежината на Милан претходно флуктуираше, тој тренираше напорно и можеше да се пофали со вистински „плочки“ на стомакот, но подоцна тие целосно се стопија и неговата тежина се зголеми. Промените кај него се особено забележливи на неговото лице.
За да ослабе Милан почнал да тренира и се одлучил да биде на кето диета. Станува збор за диета во која значително е намален внесот на јаглехидрати. Се заснова на принципот дека телото ги разложува јаглехидратите во гликоза и ја користи како енергија. Кога нема доволно јаглехидрати, телото влегува во состојба позната како кетоза. За време на кетоза, телото ефикасно согорува масти и ги користи наместо гликоза. Токму затоа кето диетата е толку популарна.
Фото и Видео: Youtube