Вака се негува пријателство: Елена Ристеска приреди роденденско изненадување (видео)

Добивај вести на Viber

Убавата пејачка Елена Ристеска покрај професионалните обврски, секогаш наоѓа време и за луѓето кои и се најблиски, а тоа го покажа со објава на Инстаграм за роденден на нејзина блиска пријателка.

По тој повод, Ристеска меѓу другото напиша: „За пријателите секогаш да најдете време, за пријателите треба да направите и невозможното да стане возможно. Треба да ги чувате како скапоценост, затоа што во денешно време, време на маски и лажни луѓе, пријателите се скапоценост. Особено оние кои за вас бубрег би дале, а богами и вие за нив. Ти благодарам што си дел од мојот живот, поради тебе и другите од нашата екипа животот ми е убав! Се надевам дека со нашите изненадувања и глупости и твојот живот ти го правиме да биде убав...“

Целата објава и видеото може да ги видите ТУКА!