Вака се носи хит парче: Моника Белучи е неверојатно секси и на 54 години

Добивај вести на Viber

Заносната италијанска актерка Моника Белучи, повторно го воодушеви светот со својата женственост и сексапил.

На Модната недела во Париз на ревијата на „Диор“, таа се појави во парче во црвена боја која одлично го истакна нејзиниот аристократски тен.

Долгиот капут-фустан ја истакна нејзината совршена фигура, а беше во контраст со нејзината црна коса. 

Целата модна комбинација беше надополнета со високи кожени чизми и чанта со потпис на „Диор“, кој е креатор и на преубавото парче со кое Моника уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка.