Вакцината како спас: Ќе бидат ли доволни, ќе ги прифатат ли граѓаните разговор со д-р. Стојанов

Добивај вести на Viber

Бројките на новозаразени и починати кои секојдневно пристигнуваат се аларманти, Владата носи мерки за спречување на ширењето на вирусот, но засега ситуацијата тешко се става по контрола.

Граѓаните спасот го очекуваат во вакцината, за која министерот за здравство Венко Филипче најави дека земјава аплицирала за нивна набавка преку Ковакс системот.

Нагласи дека земјава бара да купи вакцини за околу 20 отсто од населението, или 800.000 дози, бидејќи за секого ќе бидат потребни по две дози, што значи дека би се вакцинирале 400.000 граѓани.

Според Филипче, очекувањата се дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година.

За тоа кога би стартувала имунизацијата против коронавирусот и како целиот процес би се одвивал, Фактор разговараше со директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов.

Тој вели дека нема попрецизни информации кога вакцината против ковид 19 би почнала да се употребува во земјава. Дали тоа ќе се случи кон крајот на декември, јануари, или можеби и подоцна, одговорот го имаат здравствените власти. Според него, прво треба да се види во светски рамки кога вакцината ќе добие употребна дозвола и ќе биде прогласена за безбедна за масовна употреба на населението.

Д-р. Стојанов вели дека процентот од 20 отсто од населението кој би требало да биде опфатен со новата вакцина против ковид 19 е одреден врз основа на критериумите на Светската здравствена организација кои важеле и за сезонскиот грип. Но, нагласува дека треба да се има предвид дека во случајот со ковид 19 станува збор за тотално непознат вирус, па не е извесно дали овие 20 отсто кои важат за имунизација за сезонскиот грип, ќе важат и за коронавирусот.

„Станува збор за тотално непознат вирус. Тие 800.000 дози ќе бидат доволни за 20 проценти од граѓаните, односно 400.000 граѓани би ја примиле вакцината, бидејќи ќе биде неопходна ревакцинација. Дали тоа ќе биде потребно да се прави на три месеци, на шест или на една година, засега е непознато, зависно од тоа колку долго ќе траат антитетлата. Овој вирус е тотална непознатица“, објаснува доктор Стојанов.

Од друга страна, според стандардите на СЗО, се смета дека 20 отсто е доволно за вакцинација од сезонскиот грип, за да се контролира неговото ширење.


Повеќе информации потемата прочитајте на Фактор.мк