Здравје // Совети
Вакцини од АстраЗенека стигнаа во Македонија: Кога ќе започне масовната вакцинација
Утрово пристигна првата пратка од 24.000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс механизмот во земјава.
На аеродромот во Скопје миинистерот за здравство Венко Филипче во присуство на повеќе амбасадори истакна дека масовната вакцинација почнува во среда во вакциналните пунктови.
Тој потенцираше дека вакцината на британско-шведскиот производител е лесна за чување, односно се чува во фрижидери на температура од 2 до 8 степени, додавајќи дека тоа овозможува безбедно да се чува во здравствените домови во секој град.
-Пријавени се повеќе од 20.000 граѓани над 70 години, тие ќе бидат први повикувани. Во април треба да пристигнат 76.000 дози од АстраЗенека, изјави министерот Филипче.