ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ СЛОБОДНО ДА ПАТУВААТ ВО ЕУ: Вакциналниот сертификат е признат во сите европски земји, кажа Филипче
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција соопшти дека вакцинираните граѓани од Македонија можат да патуваат насекаде низ Европа со тоа што треба да приоложат документ дека се вакцинирани, односно треба да го приложат ковид сертификатот.
- Одлуката што ја донесе Европската Унија и нам ни оди во прилог, односно на нашата политика, а тоа е да има што поголем број вакцинирани граѓани. Токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ни ПЦР, нема ни карантин. И тоа доказ дека целиот свет оди во тој правец, да се нормализира животот, целосно свесни дека само така може да се врати нормалниот живот и движењето на луѓето кои се целосно вцакцинирани. И во Европа само вакцинирани луѓе може да влегуваат секаде и на разни настани.
Детали читајте на Фактор тука.