ВАКЦИНИТЕ „СПУТНИК“ СЕ ВЕРНИ КАКО КАЛАШНИКОВ: Путин се огласи

Спутник вакцините се верни како калашников. Ова е ставот на рускиот претседател Владинир Путин .

Според Би-Би-Си, Путин го изјавил тоа за време на вчерашната видео-конференција со рускиот вицепремиер Татјана Голиков.

Неговата изјава уследи откако руските здравствени власти регистрираа верзија со една доза на вакцината Спутник V, наречена Спутник лајт.

Споредбата на рускиот претседател се однесуваше на оружјето од времето на Советскиот Сојуз, кое сè уште се користи и денес.

Путин очигледно се повикал на изјава на австриски лекар на почетокот на годинава за ефективноста на вакцината, во која се наведува дека вакцината „Спутник V“ е едноставна, сигурна и ефикасна како автоматска пушка Калашников.