Ваква покана за свадба не сте виделе: Синот на Балашевиќ се ожени во аџиски костум благословен во Ерусалим (ФОТО)

Синот на легендарниот, за жал прерано починат Ѓорѓе Балашевиќ, Алекс и неговата избраничка Николина се заколнаа на вечна љубов во храмот Свети Сава, а венчавката ја изврши патријархот Порфириј. Потоа, далеку од очите на јавноста, свадбената веселба се одржа во ресторан во Сремска Каменица.

Меѓутоа, она што со денови предизвикува урнебесни реакции на социјалните мрежи е поканата со која младенците ги информирале гостите за местото, локацијата и посебните правила кои важеле на свадбата.

Гостите биле поканети на „Православно, аџиска свадба“. Инаку аџија е тој што бил на поклонение на светите места - Ерусалим за христијаните, Мека за муслиманите.

Гостите биле информирани дека се „меѓу 150-те избрани“ и од нив побарале да не користат мобилни телефони и да не споделуваат фотографии на социјалните мрежи, како и строго да го следат „кодот на облекување“ „поради церемонијални и верски протоколи“. 

Инаку, на венчавката во храмот на Свети Сава, Алекса носеше аџиска униформа со извезена риба, која е најраниот симбол на христијанството, а неговиот костум беше благословен во Ерусалим, Израел во 2021 година. Од друга страна, Николина носеше долг бел фустан, а на главата носеше бел шал.

Алекса на Инстаграм сподели слики од свадбата со една порака.

- Многумина кои сакаат да веруваат и се несигурни, се прашуваат себеси, а и другите... 'Како да верувам во Бог кога не го гледам'? Дури и слеп човек не го гледа Сонцето, но го чувствува. Среќен и благословен брак и семејство се еден од најсигурните начини да се има контакт со Господ. Кога ќе се сретнеме со нашиот животен сопатник, и ќе бидеме сигурни дека тој е оној кој ни е испратен од рајот, кога ќе основаме семејство, ќе дознаеме дека кај нас доаѓаат рајските деца, тогаш мора да бидеме свесни дека сме апсолутно сигурно, го запознале Бог - напиша Алекс под свадбените фотографии.


И додаде:

-Имавме контакт со него, со рајот... Бракот денес за многумина е обврска, нешто што го наметнува 'мнозинството', наметната од годините, еден вид доказ дека си возрасен, независен, зрел... Несвесен дека тоа е всушност еден испит што тој го контролира, директниот контакт со Бога. Ви благодариме на сите за најубавите пораки, чувај ја Боже Србија, овој дел од светот, па дури и целиот овој свет. Фала му на Бога за патријархот Порфириј, нашиот најсигурен пастир и чувар“, стои во емотивната објава на Алекса со фотографии од свадбата.

Инаку, оваа млада брачна двојка го очекува своето прво дете, а јавноста за тоа ја информираше и Оливера Балашевиќ, мајката на Алекса, на промоцијата на дополнетото издание на стихозбирката на нејзиниот покоен сопруг „Допир на свила“.

- Пред девет години видов дека внук се сака повеќе од своето дете. Тоа беше допир на свила. Другата добра вест е дека е објавена антологија на љубовната поезија на мојот Џоле, изјави тогаш Оља, а набргу потоа Алекса откри дека чека ќерка со својата избраничка.

извор:stil.kurir

-Синот на Балашевиќ се огласи за прв пат по смртта на неговиот татко: Нема тага, само среќа и вечност

-Животот започнува со една свеќа на тортата, а, завршува со една свеќа без торта: Синот на Ѓорѓе Балашевиќ го расплака Балканот

-Како во мојата песна, дојде тивко, непоканета, сама и остана засекогаш: Вака се сакаа Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ