Вакви венчаници никогаш не сте виделе: Турската актерка Демет Оздемир промени три невестински фустани на свадбата (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена една од омилените турски актерки на нашите простори му кажа „да“ на избраникот со кој во минатото имаше турбулентна врска.

Турската актерка Демет Оздемир, ѕвезда на сериите „Зејнеп“ и „Сонувачот“ е една од најпопуларните познати личности во својата земја, па медиумите постојано пишуваат за нејзиниот приватен живот.

Деновиве официјално Демет го кажа судбоносното „да“ на свадбената церемонија на која заблеска!

View this post on Instagram

A post shared by (@demetozdemir)


Имено, пред неколку дена актерката се омажи за Огужан Коч, а романтичната прослава што ја приредија дефинитивно е незаборавна.

Среќната невеста на Инстаграм сподели компилација од кадри од церемонијата и прославата на нивната љубов, а во нив имавме можност да видиме дека Демет облекла неколку венчаници.

View this post on Instagram

A post shared by (@demetozdemir)


Таа му стана сопруга на Коч во интересен фустан со класичен крој - се работи за модел без прерамки, чиј горен дел формира корсет, а постепено се проширува од половината. Сепак, не се работи за модел кој е веќе некаде виден, бидејќи Демет се одлучи за необична мрежеста венчаница, а дополнителна доза на гламур и традиција постигна благодарение на луксузниот превез кој паѓа до подот.

View this post on Instagram

A post shared by @turkarab_fan


Таа подоцна објави фотографии од свадбата на кои ја гледаме како танцува во необичен фустан со тул:


View this post on Instagram

A post shared by (@demetspain)


Оваа врска, инаку, е една од најследените во Турција, особено откако парот раскина во одреден момент минатата година.

Сепак, згодниот музичар и водител Огужан Коч и убавицата од серијата „Сонувачот“ набрзо сфатија дека не можат еден без друг, па следеше помирување.

View this post on Instagram

A post shared by (@demetspain)


Неколку месеци откако повторно станаа пар, Коч ја запроси Демет на 14 февруари, Денот на вљубените.

Инаку, Коч е еден од најпознатите мажи во Турција, а учествувал и во неколку телевизиски проекти. Иако има музичко образование и музиката му е примарна работа, тој се испробал на повеќе полиња и е доста успешен како актер и сценарист, пред се во комедијата. Покрај тоа, тој го „позајмува гласот“ во синхронизацијата на анимирани филмови, а е и еден од најатрактивните момци на турската јавна сцена.

Инаку, медиумите претходно ја поврзуваа актерката со нејзиниот колега од популарната серија Џан Јаман, кој останува вистинска европска ѕвезда, пред се поради неговиот талент, но не помалку внимание привлекува и неговиот изглед.

Тие двајца никогаш не ги коментираа овие озборувања, но пред неколку години Јан, кога му беше врачена актерска награда, посебно ѝ се заблагодари на убавата Демет.

― Посебна благодарност до Демет Оздемир. Отсега сите идни награди што ќе ги добивам, половина ќе ѝ припаѓаат на неа. Ви благодариме што ве имаме – истакна тој.

извор:GLOSSY

Се разделија, но не можеа еден без друг: Убавата турска актерка Демет Оздемир правеше веридба, наскоро следува свадба (ФОТО)