Важен ден за Биковиќ и неговата сопруга: Ивана блеска во фустан со деколте, држејќи го синот во раце - „Шест месеци љубов“
Актерот Милош Биковиќ на почетокот на годината ја оствари најважната улога во животот, со својата избраничка Ивана Малиќ доби син. Нивниот син наполни шест месеци, а по тој повод Ивана се огласи на својот Инстаграм профил.
Имено, Ивана прво објави фотографии само од нивниот наследник на кои напиша: „Шест месеци љубов“, а потоа објави слика која ги восхити сите нивни следбеници.
Убавата Ивана позираше во летен лелеави фустан со длабоко деколте, а во раце го држеше синчето.
Инаку, Биковиќ еднаш одговори на прашање како се снаоѓа во улогата на татко.
- Па, во таа улога човек се реализира додека е жив. Се надевам дека цел живот ќе се исполнувам во таа улога. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега се сведува на плачење, што е мое, што негово – изјави Биковиќ за „Блиц“.
Фото:Инстаграм