Важно е луѓето да разберат дека минатото не ја одредува нивната иднина: Интервју со Зорица Поповска, основач на Сенсум Тренинг и Коучинг центар
„Често слушаме дека луѓето тешко се менуваат. Тоа не е вистина – и веројатно е најголемата лага наметната на човечката психа. Вистината е дека ние сме родени да се менуваме. Тоа е нашата вистина. Промената е причината за нашето постоење.
Најважно е она што стануваме, не тоа што сме. Па добро е да се прашаме себеси: Кој/а станувам?“
Зорица Поповска
е основач на Сенсум Тренинг и
Коучинг центар, интернационално акредитиран коуч и НЛП тренер, бизнис консултант, говорник и автор на развојни програми кои во себе
инкорпорираат врвни интернационални методологии и пристапи. Таа води и отворени програми кои водат до интернационално акредитирана сертификација
за НЛП (Невро Лингвистичко Програмирање) во Македонија. Во
ова интервју и поставуваме прашања зошто и како НЛП е
релевантно за нас.
Унапредете ги вашите животни и деловни резултати со примена на НЛП
- НЛП како уметност и наука изобилува со моќна методологија, принципи и претпоставки за нас и светот околу нас. Постои принцип во НЛП, кој вели дека веќе ги имате сите ресурси што ви се потребни за да ја направите посакуваната промена, да бидете среќни и успешни на свој начин. Нашата работа е под големо влијание на работата на најраните развивачи на НЛП, кои ја носат таа претпоставка уште еден чекор понапред на развојниот пат на НЛП, преку нови генеративни НЛП процеси. Основната премиса на овој НЛП пристап е дека ако се фокусирате на вашите ресурси и на тоа „како” можете да ги зајакнете, збогатите и проширите (наместо да се фокусирате на вашите проблеми), автоматски ќе привлечете икреирате решенија за вашите проблеми на свесно и несвесно ниво.
Оттука, можете да ги спречите и решите проблемите уште пред тие да станат реалност за вас. Во суштина, она што го прави НЛП и коучингот базиран на НЛП методологијата е што ви дава можност да ги откриете, ослободите и даги зајакнете вашите латентни способности и ресурси со тоа што ќе ги направите системски и дел од вас.
Зорица можете ли да ни дадете едноставно објаснување што е НЛП?
- Овие три зборови ставени заедно, дефинитивно поттикнуваат прашања кај луѓето. НЛП или Невро Лингвистичко Програмирање е уметност и наука, развиена во 70-тите од страна на Ричард Бандлер и Џон Гриндер. Оттогаш до денес НЛП е значајно унапредено и збогатено на начин што речиси не постои домен каде овој пристап не се применува во насока на унапредување на перформансите и резултатите. Бандлер и Гриндер тргнале во сосема нова насока, поставиле моќно прашање, прашале „како“ некои луѓе имаат резултати, а други луѓе не успеваат. Што е разликата?
Тоа е моќно прашање, бидејќи општеството поаѓа од идејата дека ако научиш одредени работи, ќе бидеш способен да се однесуваш на начин кој ќе ти донесе работа и ќе можеш да правиш нешто со тоа. И повторно некои луѓе се одлични играчи откако ќе научат нешто, имаат извонредно продуктивни и креативни животи, а други страдаат останувајќи во зоната на просечност.
Бандлер и Гриндер уште на самите почетоци го поставиле ова моќно прашање и откриле значајни разлики во начинот на размислување и однесување.
Откриле дека постојат одредени дистинкции и разлики кои успешните луѓе ги прават, многу често спротивно од тоа што неуспешните го прават. Тоа се почетоците, така се родило НЛП. „Н“ се однесува на неврологијата во нашето тело, начинот на кој ги примаме информациите од надворешниот свет и како потоа внатрешно ги процесираме. „Л“ се однесува на лингвистиката, нашиот говор. И „П“ – внатрешните програми, нашите стратегии и навики, како сме научиле да функционираме и имаме одредени резултати.
Во таа смисла, НЛП ни дава начин и структура да откриеме што се случува во субјективното искуство, сите свесни иуште поважно несвесни процеси кои всушност прават разлика. Тоа е целосно уникатен пристап. Нема ништо на светот толку моќно и влијателно да направи промени како НЛП. Внатре во нас имаме сѐ што ни е потребно за да ја направиме саканата промена. Па, НЛП не учи „како”.
Идејата во тој период всушност била многу едноставна. Успешните луѓе го знаат програмскиот јазик на умот. Знаат како да го користат нивниот говор за да им помогнат на другите луѓе да допрат до подлабоко ниво на зајакнетост и резултати за себеси. Кога би го креирале во денешно време можеби би го нарекле – Невро Лингвистички Апликации. Сите знаеме што се апликациите. Ги користиме на нашите паметни телефони. На некој начин НЛП е наука за човековиот оперативен систем. Нашиот ум има оперативен систем. Одредени работи се цврсто програмирани во умот. Како “fight, flight-or-freeze” реакцијата.
Има некои работи кои се цврсто програмирани во нашата неврологија. Како управуваме со нив и со други работи за кои веруваме дека се фиксни и се чувствуваме заглавени, но всушност не сме. Луѓето можат инстантно да менуваат навики. Да го сменат начинот на размислување и да се ослободат од негативни емоции и лимитирани верувања кои што ги држат во зоната на стагнација во животот и работата.
НЛП е единствена методологија која има интегративен и холистички пристап, развивајќи ги сите видови на човечка интелегенција - когнитивната интелегенција, емоционалната, соматската, спиритуалната и системската интелегенција (поле). Тоа е значајно максимизирање на човечкиот потенцијал.
Преку техника на моделирање, едноставно кажано НЛП е серија на моделирани однесувања, со фокус на тоа што им носи позитивни резултати на луѓето.
Луѓето што постигнуваат вистински успех во животот немаат повеќе среќа, тие прават нешто поразлично од останатите. На таков начин го зголемуваат факторот - среќа.
Светот се менува со молскавична брзина и увидуваме дека старите мапи на реалност (моменталните стратегии и претпоставки) не нѐ носат кон саканите резултати, па дури и заостануваме.
НЛП е еден од најдобрите начини како да ја преиспитаме сопствената мапа на реалност, да се ослободиме од стари и непотребни патерни (обрасци) на размислување и однесување и да креираме повеќе нови опции и избор за себе и тимовите од кои што сме дел.
Да се усоврши комплексноста подразбира, да не се дозволи таа да стане подобра од вас. Значи да се има усогласен кохерентен поглед на свет кој ќе претставува водич за нашите акции и покрај конфузноста, несигурноста, различноста кои се предизвикани од вителот настани и интеракции кои се случуваат околу нас. Усовршувањето на кое алудирам, мајсторството за кое зборувам е она налик на занаетчијата, а не на „MBA“. Способноста да се однесувате кохерентно исправени пред комплексноста и да го правите тоа постојано и тековно е обележје за вистинско мајсторство.
Кои се некои од клучните бенефити за некој да учи НЛП?
- Има многу. Можностите се бескрајни. Тие можат на пример, да ја откријат својата извонредност, таленти. Да навлезат во својата зона на одличност. А одличноста не е околу тоа да се биде совршен, туку да бидеме под сопствената супермоќ.
Да имате знаење за структурата на субјективното искуство, е да знаете како да продрете во најмоќната машина во светот – човековиот ум. Кога нешто е несвесно за нас, тоа нѐ управува. Последиците од тоа се - што луѓето чувствуваат како да немаат или ја губат контролата над својот живот, се чувствуваат немоќни - како некој друг или нешто од надвор да ги управува нив и нивните резултати. НЛП е внесување свесност – осветлување на темните делови на потсвеста. Учење за најмалите конститутивни елементи на нашето искуство е вистинско знаење и она што ве носи на сосема други нивоа на размислување и однесување. Почнувате да разбирате како самите ја создавата својата реалност и резултати, без оглед дали истите ги оценувате како добри или лоши.
Ако секогаш го правите тоа што отсекогаш сте го правеле, ќе го имате тоа што секогаш сте го имале.
Нови резултати бараат нов начин на размислување, однесување и ресурсни внатрешни состојби.
Со целото тоа знаење луѓето стануваат зајакнети да седнат зад воланот на сопствениот живот и да го управуваат во согласност со нивните автентични желби и амбиции.
Вие на НЛП му пристапувате многу сериозно и професионално, постојано и самата се усовршувате и ја унапредувате вашата работа. Како го правите тоа?
- Би рекла дека за мене прави разлика да ги учам другите, да обучувам други луѓе. Учам секојпат од тоа како луѓето се откриваат себеси од повратните информации (фидбек).
Имав одлични учители, ментори – некои од нив се во редовите на најраните развивачи на НЛП кои ме водеа и ме предизвикуваа. Тоа знаење го освежувам и унапредувам секоја година, враќајќи се кај нив по нови модели.
Учам секој ден. Наоѓам некого (модел) кого што јас го почитувам како пример и потоа секојдневно вежбање. Го практикувам, тоа е дисциплина. Дисциплина којашто ја правам со задоволство и автоматски.
Kако гледате дека НЛП се вклопува во иднината на различните сегменти на животот и работата, едукацијата, како и здравјето и благосостојбата на луѓето?
- Еден од начините на кој гледам, е дека решенијата и решавањето на проблемите доаѓаат од поседувањето ресурси – а целта на НЛП е да препознае и да земе нешто што е ресурс и да направи повеќе од него, да го прошири и збогати. Кога во НЛП зборуваме за ресурси, мислиме на оние ресурси кои што се целосно внатре во нас како одлучност, самодоверба, сигурност, храброст, резилиентност, детерминираност, мотивација и сл. Тие се клучот на успехот и се целосно во наша контрола.
Така, мислам дека минимално, она што го прави НЛП е што им овозможува на луѓето да „изградат“ ресурси наместо само да се обидуваат да изберат или да се потпрат на ресурсите што ги имале во минатото или нешто што го имаат во сегашноста. Тие всушност можат да преземат нешто во сегашноста и да го прошират.
Преку развивање ресурси, проблемите стануваат решливи. Не на начин да треба да излезете и да барате проблем и потоа да го решите, туку затоа што ресурсот е веќе достапен и може да го реши конкретниот симптом или проблем.
Ако сакате да имате голема промена во квалитетот на вашиот живот и работа, мора да го смените начинот на вашето размислување. Да се детерминирате за успех. Мора да донесете процес којшто ви овозможува постојано да растете и да ги продуцирате резултатите кои ги сакате. На конзистентна основа.
Која порака сакате да ја пренесете на нашите читатели?
- Важно е луѓето да разберат дека минатото не ја одредува нивната иднина.
Како резултат на детските трауми, одредени патерни на однесување кои се зацврстиле низ времето, негативниот наратив во кој постојано несвесно кружиме, ние имаме внатрешна поставеност која не држи заглавени – стануваме зависни од тоа да се гледаме себеси како што сме научиле, или уште полошо како што другите научиле да нѐ гледаат.
Но смислата и исполнувањето не се поврзани со нашето минато, туку со нашата иднина.
Ништо не е статично. Ниту вие. Ниту вашата реалност. И сигурно не вашата иднина. Ние постојано еволуираме.
Често слушаме дека луѓето тешко се менуваат. Тоа не е вистина – и веројатно е најголемата лага наметната на човечката психа. Вистината е дека ние сме родени да се менуваме. Тоа е нашата вистина. Промената е причината за нашето постоење.
Најважно е она што стануваме, не тоа што сме. Па добро е да се прашаме себеси: Кој/а станувам?
Кои се вашите планови за иднина? Што можат компаниите да очекуваат од вашата понуда?
- Примарно, им помагаме на индивидуите и организациите да ги подобрат своите животи и бизниси користејќи генеративни пристапи на работа одвнатре кон надвор. Овие пристапи се базираат на уникатните врвнипронајдоци во невронауката, НЛП и коучинг методологијата, користејќи модели од невронауката на промените.
Вештините понудени на нашите обуки и развојни програми можат да се применат низ различни професионални капацитети за подобрување на перформансите. Деловните луѓе, лидерите, претприемачите, развојни индивидуи кои носат промени, сите тие се стекнуваат со непроценливи вештини. Слободно можам да кажам дека тоа се вештините на новото време.
Во корпоративен домен, нашите обуки водат кон зголемен работен ангажман, поголема креативност, иновативност, продуктивност и ултимативно – подобрени бизнис резултати.
Знаеме дека компаниите поминуваат низ огромни промени денес. Доколку истите не се управуваат соодветно, овие промени можат да креираат стрес, ниска мотивација, низок морал и намалена креативност и продуктивност помеѓу вработените.
Во денешната конкурентна околина, сопствениците на малите компании се соочуваат со големи предизвици. И покрај целата врева, што е потребно за секој бизнис да се издвои од останатите?
Нашите програми се базирани на невронауката на промената, користејќи врвни светски коучинг пристапи и невролошки методологии. Преку креативно заедничко ко-креирање на организациската визија, индивидуите се зајакнети и мотивирани за промена. Ова за возврат, ја трансформира индивидуата, тимовите и крајно организацијата.
Нашите програми учат како да се промени стариот начин на размислување - навики, ставови и однесувања, кои повеќе не ни служат и носење на вистинска, трајна промена – од внатре кон надвор.