„Важно е никој да не заврши на ургентно“: Марија Шерифовиќ доби специјален подарок пред настап, ова е чиста мистерија

Добивај вести на Viber

Марија Шерифовиќ вечерва пристигна на музички двобој со Реља Поповиќ, а како што вели во интервјуто за „Блиц“, не и е важно да победи, туку сите да си поминат одлично.

Пред настанот Марија Шерифовиќ доби изненадување во вид на букет цвеќе, кое не беше потпишано.

Пејачката откри и што очекува од вечерашното натпреварување.

- Ги имав спремено комбинациите и костимите и синоќа дојдов на проба и сфатив дека сатенските одела на 38 степени апсолутно нема да се случат. Дури и денеска прашав дали има соодветен пар шорцеви. Веројатно ќе ги сменам кошулите на 60 секунди. Не ми е важно кој ќе победи, важно е да си поминеме убаво, важно е само никој да не заврши во Ургентниот центар поради жештините.

- Би снимила дует со Реља, се зависи од песната - изјави Шерифовиќка за „Блиц“.

Марија за таткото на нејзиното дете

Марија признала дека никогаш нема да го открие идентитетот на тој маж, а доколку го стори тоа ќе биде строго казнета.

- Тоа се работи за кои не можам и не смеам да зборувам, поради сите потпишани договори, затоа што никогаш не се знае дали некој ќе го повреди ова, а потоа ќе ме тужи за десет милиони долари, можеби и повеќе. Тој е ужасен фраер, Европеец - рече таа.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs