ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

Добивај вести на Viber

Економскиот факултет-Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја основаше Алумни на Економски факултет-Скопје – мрежа која ги обединува оние кои дипломирале, магистрирале или/и докторирале на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ. Алумни мрежата има за цел да ги поврзе сите генерации студенти, создавајќи платформа за континуирана соработка и развој. Со оваа мрежа, поранешните студенти ќе можат да останат во контакт со своите соученици, да споделуваат искуства и знаења, и да се вклучат во разни професионални и општествени активности. Покрај тоа, мрежата ќе овозможи на тековните студенти да добијат поддршка и менторство од алумни, што ќе придонесе за нивниот личен и професионален раст.

Со зачленувањето се збогатува најголемото семејство на економисти кај нас. Алумни мрежата не само што ќе придонесе за личен и професионален напредок на своите членови, туку и ќе го зајакне Економски факултет-Скопје и бизнис заедницата во целост, преку професионално вмрежување.

За претседател на Алумни на Економскиот факултет е избран Александар Манев, генерален директор на Кроација осигурување-неживот, а членови на одборот се Сергеј Зафироски, основач и генерален менаџер на Insider ID и Катерина Тошевска-Трпчевска, редовен професор на Економскиот факултет-Скопје.

Претседателот на Алумни на Економскиот факултет, Александар Манев истакна дека формирањето на алумни асоцијацијата има визија да развие силно чувство на припадност кон Економскиот факултет-Скопје кај сегашните и поранешните студенти преку најразлични активности. За студентите: Зголемени можности за професионален развој, менторство и вмрежување. За алумните: Платформа за враќање и поддршка на факултетот, како и за продолжување на личниот и професионалниот развој. За академскиот кадар: Подобра соработка со алумните и бизнис заедницата, што ќе овозможи поголем успех во образовните и истражувачките активности. За бизнис заедницата: Пристап до талентирани студенти и можности за соработка со факултетот и алумните. Со оваа визија и стратегија, алумни асоцијацијата на Економскиот факултет-Скопје ќе игра клучна улога во создавањето на интегрирана и успешна заедница која ќе придонесува за развојот на сите нејзини членови.

Регистрирањето е доброволно, бесплатно и може да се направи онлајн на следниот линк