Ве носиме во најубавата божиќна дестинација во светот: Овде ќе имате чувство како да сте во вистинска бајка

Ќе имате чувство дека сте во вистинска бајка...

Иако самата помисла за одмор во јужна Италија најмногу ќе асоцира на летните и топли месеци, јужна Италија секако има што да понуди во зимскиот и божиќниот период.

А доказ за тоа е ова шармантно место со уште пошармантно име - Локоротондо, кое во последните години привлекува се повеќе туристи во декември.


Локоротондо е мал град кој го најде своето место во Апулија, во самата петица на италијанските „чизми“. Иако Локолотодно не може да го сокрие својот шарм во ниту еден период од годината, ова живописно место е вистинска локација за оние кои го обожаваат периодот на божиќните и новогодишните празници.


Локоротондо е еден од типичните атмосферски стари градови во Апулија со блескави бели фасади, поради што во декември станува божиќна дестинација од бајките, која остава малкумина рамнодушни.


Имено, внимателно избраната декорација во градот создава неверојатен контраст помеѓу црвената, божиќните тонови и белите ѕидови, а благодарение на мноштвото светилки и традиционални украси ќе се чувствувате како да сте во бајка!


Затоа сите жители на Локоротонда ги доживуваат празниците како магичен момент; за посетителите во декември тие организираат прошетки низ градот, одење на божиќни концерти со музичари - џуџиња, како и неизбежна посета на анимираното креветче.

Затоа, доколку сте еден од оние кои се‘ уште бараат идеална локација за божиќно патување, Локоротондо е место со кое едноставно не можете да погрешите, а со кое се согласуваат многу светски портали за патувања.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - locorotondo_travel/europeanglory_/clia_gram/sonnmary7