ВЕ „ТРЕСЕ“ ЛИ ПРОЛЕТНА ДЕПРЕСИЈА: Победете ја со неколку трикови

Добивај вести на Viber

Скоро секој втор човек кон крајот на зимата и почетокот на пролетта чувствува замор, има недостиг од концентрација и необјаснива потреба од спиење во текот на денот.

Слаби болки во мускулите и сонливост во текот на денот ги мачат граѓаните во овој период од годината. Лекарите велат дека сето тоа се случува зашто долго време сме биле без доволна сончева светлина и енергија и се менува хормонскиот систем во телото. Поради пролетниот замор или пролетната депресија, граѓаните бараат и лекарска помош, меѓу другото и од психолози и од психијатри.

Но, има мали трикови со кои ќе ја победите пролетната депресија. 

Читајте убава книга која ќе ве опушти, погледнете некој добар филм, направете си купка или слушајте музика.