Веб сајтот kb.mk на Комерцијална банка е избран за „Сајт на 2021 година“

Добивај вести на Viber

Веб сајтот kb.mk на Комерцијална банка, креиран и редизајниран за да биде од корист за нашите клиенти и за да ги задоволи и најсофистицираните потреби на дигитално ориентираните корисници на банкарски услуги, е избран за „Сајт на годината“ за 2021 година во Република Северна Македонија.

Веб сајтот на Комерцијална банка го освои првото место и во категориите Финансиски услуги, банкарство и осигурување и Мобилен сајт, а во категоријата Корпоративен сајт за 2021 година е на второ место. Со својот нов и модерен дизајн, со многубројните корисни алатки и со богатата понуда на производи и услуги kb.mk 

го освои најголемиот број гласови на посетителите на порталот „Сајт на годината“ во рамките на натпреварот во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс.

Нашето задоволство од овие награди е огромно затоа што се доделени од најстручното и најстрогото жири – корисниците, а особено сме горди што тие за многу кратко време ги препознаа предностите и функционалноста на новата веб-страна на Комерцијална банка.

„Овие признанија ни потврдуваат дека успеавме да создадеме веб сајт кој поаѓа од потребите на клиентите и ги следи најновите трендови во дигиталниот свет. Сајтот е дел од една поширока стратегија за целосна дигитализација и префрлување на услугите на Банката онлајн, без потреба од посета на банка. Навистина настојувавме да дизајнираме пријатно искуство низ сајтот, со корисни содржини и лесно навигирање“ истакна Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, во своето обраќање за време на доделувањето на наградата „Сајт на годината“.

ПР објава