Вечниот ерген по втор пат застанува на лудиот камен

Светски познатиот музичар, Роби Вилијамс ја запроси по втор пат, својата сопруга Ајда Филд. Тој во текот на прославата за нејзиниот 40ти роденден, повторно ја праша да се венчаат.

Ајда, со која има три деца, беше навистина разнежнета кога Роби и отпеа серенада и тоа неговиот најголем хит „Ангел“, па и додаде: „Те сакам Ајда, дали ќе се омажиш за мене?“ Ајда секако одговори ДА.

Ајда и Роби за прв пат се сретнаа во јули 2006 година. Како вечно неженет, во едно интервју тој дури изјави дека со нејзе би застанал на „лудиот камен“.

За време на еден настап во 2009 година Роби ја запроси Ајда, за подоцна да изјави дека тоа било само шега и дека не се вериле. Меѓутоа за нова година, тој вистински ја запроси, а венчавката беше осум месеци подоцна.

Во септември 2012 година ја добија ќерката Теодора, а синот Чарли две години подоцна. Минатиот септември на свет дојде и нивната најмлада ќеркичка Коко, пишува британскиот „Метро“.