Ведрана Рудан два пати се обидела да го убие својот татко: Првиот пат имав 15, беше целиот крвав, но не ми успеа

Добивај вести на Viber

„Детството ми беше тешко“ - кажа таа...

Ведрана Рудан откри морничави детали од својот приватен живот.

Имено, таа истакна дека дури два пати се обидела да го убие својот татко.

„Се обидов да го убијам татко ми кога имав 15 години, но не ми успеа. Се обидов и на 20, но едвај остана жив. Тој мене ме улови, јас имав 21 година, дипломирав и работев. Бев нормална жена. Тогаш се носеа мини здолништа, па потоа преку ноќ во мода дојдоа макси здолништата. Јас како и секоја млада девојка ја следев модата. Тогаш го фрлив мини здолништето и облеков макси“ - ја започна својата приказна Ведрана.

„Потоа тој дојде во нашата кујна, простачки ме изгледа и ми кажа „вчера беше ку*ва, а денес си чесна сестра, одлучи се“. Јас на тоа му одговорив „не с*ери“. Тоа беше првпат во животот да му кренам глас на татко ми. Тој, дивјак, мене ми коментираше за здолништето кое сама си го купив. Тој тогаш ми пријде, ме зграби за облеката и ме фрли во стаклениот плакар. Бев целата во крв и стакло. Мајка ми се тресеше. Во тој момент го земав тенџерето полно со гулаш и му го фрлив во глава. Тој некако се помести, беше целиот во крв, мајка ми скоро беше умрена. Јас сакав да го убијам. Потоа мајка ми го однесе на доктор, му ги сошија раните и потоа се врати во својата кафана и ѝ кажа на келнерката дека сум сакала да го убијам. Келнерката тогаш му кажала, а што чекала досега. Тогаш си заминав од дома со цел никогаш повеќе да не се вратам“ - раскажа таа.

„Кога почина татко ми на себе си реков да пуштам барем солза, и навистина едно две, три солзи извлеков од себе. Тогаш си реков на себе, тоа ѓубре ти направи толку зло, какви солзи.“ -раскажа Ведрана во емисијата „ТВ лица као сав нормалан свет“.

Таа истакна дека поради тоа тешко детство денес е толку силна.

„Детството ми беше тешко, но ми даде сила да ги презирам луѓето додека не се случи спротивното. Тоа е она што мене ме прави силна, тоа ми го всади татко ми кој ги презираше луѓето, па така и мене. Ме тепаше мене, мајка ми и сестра ми. Баба ми не ја тепаше, бидејќи таа беше силна личност. Ги презирам луѓето, додека не откријам некој кој ми се допаѓа, а потоа до смрт ги анализирам и барам маани во нив. Не му верувам на никој, никој не може да ме заведе и освои. На половина прсти од една рака можам да ги избројам луѓето кои ги сакам. Сите останати ги испитувам, секој ден ми се на масата. Тешко е да се живее со тоа, подобро ќе беше да бев поопуштена, но не сум“ - вели Рудан.

фото: Принтскрин / Јутјуб