Вегански Велигден со Lush

Добивај вести на Viber

Можеби звучи неверојатно, но вистинито е. Направивме колекција од велигденски производи, кои не содржат јајца, млеко, всушност не содржат ништо од животинско потекло.  Баш е фора да ги послужите вашите гости со шарени вегански јајца, кој всушност се купки за во када – пенливи или шумливи. Зајчињата се неизбежен дел од секој Велигден. Нашите зајчиња се шекерни, но немојте да ги јадете. Да, изгледаат вкусно и примамливо затоа што се со какао и кокос, но служат за убав пилинг на важата кожа. Сепак има нешто што може и да го вкусите. Тоа е новиот шекерен пилинг за усни, со вкус на торта од морков. Ммм...

Carrot Cake пилинг за усни. Задолжително! Лимитирано издание кое не се пропушта.

Шекер, масло од јојоба, цимет портокал и ѓумбир. Ова е производ за меки и нежни усни оваа пролет.

Carrot масло за туширање. Од корен променете го чувството што го имате на кожата! Дозволете и на кожата малку да се разгали со ова масло за туширање направено од ладно цедено масло од семе од морков, масло од сандал, какао путер и бадемово масло.

Cream Egg пенлива купка. Како што се крши оваа пенлива купка под млазот вода, ќе се прошири слатка арома од пеперминт и чоколадо. Фер тргуваните какао и шеа путери се топат, претварајќи ја водата во неодоливо омекнувачка лагуна. Спеарминтот ја тонира кожата и го освежува расположението, правејќи да се чуствувате одлично.

Golden Egg шумлива маслена купка. Најдоброто јајце, е златното јајце. Сјајна и сензуална, оваа купка е полна масло од бразилски портокал. Препушти се на супер омекнувачка бања полна љубов за кожата, која е богата со луксузен какао путер, разведрувачки масла од бергамот и бадем.

Coco шекерен пилинг за тело. Бело зајче со мирис на кокос и ванила кое ќе ви помогне убаво да го ексфолирате вашето тело. Додадовме и ладно цедено кокосово масло за хидратација на кожата.

Cocoa шекерен пилинг за тело. Чоколаден пилинг, за слатка кожа. Фер тргуван какао путер ви дава хидратација и ве прави неодоливо слатки а кожата мека и нежна.