Велат дека е најубавата жена од Европа, а сега во чипка и мрежа направи спектакл на црвениот тепих

Добивај вести на Viber

Убавата Мадалина Генеа, италијанска актерка и модел со романско потекло, позната по своите провокативни изданија и специфичен сексапил, прошета по црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.

Манекенката помина на црвениот тепих во неверојатно раскошна, но во исто време и провокативна креација која ги подели мислењата на публиката на социјалните мрежи, како и модните експерти.

Но, едно е сигурно-беше невозможно да не се забележи атрактивната 34-годишна жена! 

Мадалина се одлучи за црна тоалета на славниот дизајнер Зухаир Мурад, чиј горен дел е изработен од проѕирна тантела и со необично деколте што ги истакна нејзините бујни гради.  

Долниот дел од оваа креација потсетува на балски фустан, направен е од тежок сатен и паѓа во неколку слоеви, а благодарение на огромниот шлиц од едната страна, се истакнаа затегнатите нозе на оваа дама. 

Генеа со доверба вешто позираше за насобраните фотографи, а стајлингот го заврши со сребрени сандали со прерамки и ефективна нараквица. 

Таа, исто така, покажа нова фризура во Венеција - ја скратила косата и ставила шишки, а се‘ на се‘ - ни се допадна ова драматично, вамп издание на прекрасна бринета.


Фото: Profimedia

Црвената модна магија падна во втор план: Фотоките на Адријана Лима и нејзиното момче од Венеција ќе ве хипнотизираат