Вели дека е неговата Моника Белучи: Ова е сопругата на српскиот актер Миодраг Радоњиќ (ФОТО)
Актерот Миодраг Радоњиќ од 2020-та година е во хармоничен брак со Милица Микиќ, која своевремено на шега ја нарече српската Моника Белучи
Се заљубивме во него како инспектор во серијата „Убице мог оца“ , но дефинитивно една од најдобрите улоги му е улогата на Баќа во „Јужен ветер“.
И додека Баќа е вистински женкар, Миодраг еднаш за локалните медиуми изјави дека не е таков:
- Во приватниот живот не сум женкар како Баќа. За разлика од него, јас сакам солидна и стабилна врска со девојка. Честото менување на партнерите не може да ги задоволи моите емоционални потреби. Човекот е создаден да има покрај себе некој кому ќе може целосно да му верува и кој ќе му биде поддршка, но и да го критикува кога е потребно.
Неговото срце го освои Милица Микиќ, со која е во брак од 2020-та година
Миодраг Радоњиќ долго време ја држеше својата сопруга, психологот Милица, подалеку од љубопитните очи, а во една прилика посочи што најмногу му се допаѓа кај неа.
- Нејзината непосредност, сигурност и отвореност кон животот. Таа никогаш не застанува на проблем или пречка. Таа е многу стабилна и самоуверена. Нашите ставови се совпаѓаат во многу ситуации и тоа е она што цврсто не врзува.
Како што еднаш истакна, таа е негов најголем поддржувач, но и најсериозен критичар.
Миодраг на шега вели дека покрај себе ја има Моника Белучи.
- Милица е Моника Белучи! Често се шегувам со неа за тоа и ја споредувам со позната актерка. На луѓето им се фалам дека ја имам Моника Белучи до мене. Па, Милица е подобра и поубава од Моника! - изјави Радоњиќ за „Информер“.
Круна на нивната љубов е нивниот син Сава, кој се роди во декември 2020 година, а како што актерот своевремено изјави за тамошните медиуми, Сава е момче полно со сила и енергија.
- Сава е полн со енергија, затоа постојано го бркаме. Се трудиме што повеќе време да поминуваме надвор, на детски игралишта. Најмногу го интересира тобоганот.
Извор: www.espreso.co.rs