Венчаница од Ралф Лорен, имот од соништата и покана за поранешната сопруга на Бен Афлек: Детали за свадбата на Џенифер Лопез

Судејќи според снимките од воздух, Бен и Џеј Ло не оставиле ништо на случајноста, па ни времето кое би можело да не им се погоди на свадбата. А само неколку часа пред големата церемонија протекоа фотки и детали за свадбата.

Овој викенд ќе ја одбележи втората венчавка на моментално најпознатиот пар - актерот Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез. По брзата венчавка во Лас Вегас, двојката одлучи да организира прослава за своето семејство и најблиските пријатели на прекрасен имот во Рисборо, Џорџија.

фото: Profimedia

Папараците постојано кружат над имотот и ги фотографираат подготовките, а судејќи по фотографиите, младенците, но и гостите ќе имаат прослава за паметење. Импресивната вила на Бен има четири спални соби и пет бањи на речиси 6000 квадратни метри и голем двор со поглед на реката Северен Њупорт.

фото: Profimedia

До главната вила се наоѓа посебна зграда, „летната куќа“, со оригинални ѕидови од тули и метален покрив. Модерно уредениот ентериер е полн со автохтони детали со софистициран дизајн, а пред куќата има патека или пристаниште со реплика на рибарскиот брод на Ернест Хемингвеј кој се протега до реката.

Оваа куќа има посебно значење за парот - во неа требало да се венчаат во 2003 година, а Бен ја купил куќата непосредно пред да ја раскинат свршувачката. Сепак, куќата се продава од 2018 година за осум милиони долари, но се уште не најде нов сопственик.

Прославата ќе трае три дена, а гостите веќе можеа да уживаат во дружењето во четвртокот на пробната вечера. Свечената церемонија ќе се одржи во сабота а ќе биде придружена со голем огномет кој е веќе подготвен, а за недела е резервирана скара.

фото: Profimedia

Иако временската прогноза не е многу ветувачка, Бен и Џеј Ло смислиле се. Имено, организаторите детално го подготвиле теренот за венчавката, па младенците и нивните гости ќе вечераат на тремот над езерото, кој е покриен со покрив во случај на лошо време. Самата подготовка на теренот, дознава Daily Mail, младенците ги чини повеќе од 400 илјади долари.

фото: Profimedia

Дружењето со музика и танцувањето ќе се одвива под големиот шатор, а Џенифер ќе носи венчаница на Ралф Лорен. 

Што се однесува до храната, за неа е задолжена угостителската компанија York Diner, а на свадбеното мени ќе има пржени свински котлети, печено пилешко, тестенини со сирење и мусака од тиквички.

За време на паузите од прославата, гостите ќе можат да уживаат во различни активности, како што се спа третмани, возење низ имотот и разгледување...

Меѓу гостите, покрај семејството, ќе бидат и некои познати пријатели на двојката, како актерот Мет Дејмон и комичарот Џими Кимел. На свадбата била поканета и поранешната сопруга на Бен, актерката Џенифер Гарнер, но наводно ја одбила поканата на парот и нема да присуствува.

извор:stil.kurir