Венчаница по мерка од Диор, тијара достојна за принцеза: Ѕирнете во бајковитата свадба на ќерката на кралицата Ранија

Фото: AIMAGES / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Ќерката на кралицата Ранија и кралот Абдула Втори, принцезата Иман се омажи за својот вереник во неделата на церемонија која траеше 15 минути

Постарата ќерка на јорданската кралица Ранија и кралот Абдула Втори, принцезата Иман (26) се омажи во неделата со својот вереник Џамил Александар Термиотис (28).

Јорданската принцеза и њујоршкиот финансиер се верија во јули минатата година, но датумот на венчавката беше одреден дури минатата недела.


Тие се вертија на вечна љубов во неделата на интимна церемонија на која присуствуваа членови на кралското семејство и семејни пријатели.

Според странските медиуми, свадбената церемонија траела 15 минути и се одржала во резиденцијата на кралот Абдула и Ранија, која била специјално украсена за оваа пригода.


Невестата низ убаво украсените градини на палатата до местото каде што требаше да го каже судбоносното „да“ ја одведе нејзиниот горд постар брат, престолонаследникот Хусеин, кој изрази благодарност и среќа што слават важен ден и на младенците им посака благослов и среќа.

По потпишувањето на „брачниот договор“, невестата и младоженецот читаа стихови од Куранот пред монархот, дел од церемонијата беше прикажана во живо на државната телевизија.

За својот посебен ден, младата јорданска принцеза избра бела венчаница на Диор шиена по мерка.


Прекрасната венчаница имаше долги ракави и тантела го покриваше предниот дел на деколтето, долниот дел од ракавите и целиот долг превез кој се влечеше на подот. Превезот имаше и прекрасни цветни мотиви.

Изгледот го заокружи со блескава тијара „Chaumet“ и изгледаше како принцеза од бајка.

Нејзината шминка беше минимална, а косата ѝ беше обликувана во меки бранови.

Една од најсреќните луѓе тој ден беше секако мајката на принцезата, кралицата Ранија.

- Драга моја Иман, ова не е збогум кога си секогаш во моите мисли и во моето срце. Господ да ве благослови. Твојата насмевка отсекогаш била дар на љубов што ја негувам од денот кога си родена. На тебе и на Џемил ви посакувам живот исполнет со љубов и смеа!- објави таа на социјалните мрежи под видеото кое го прикачи.


Извор: glossy.espreso.co.rs