Венко Филипче: Покрај сите напори на лекарите, Вучиќ му подлегна на вирусот

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство со официјално соопштение за смртта на Драган Вучиќ. Тој соопшти дека и покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ имал тежок наод на белите дробови, поради што подлегнал на коронавирусот.

-Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските - соопшти министерот за здравство