ВЕРА ЈАНКОВИЌ ЗА ПОКОЈНИОТ СОПРУГ: Со спомени е полесно во одвратниов свет
Водителката и диџеј Вера Јанковиќ, со стари фотографии се присети на својот покоен сопруг, Зоран Јанковиќ- Бајо, кој почина пред точно шест години, на 3 јули во 2012 година. Вера и Бајо својата љубовна приказна ја започнаа како дел од рок групата „Психо“ каде што таа беше вокал, а тој басист. Подоцна, ја создадоа култната градска приказна на клубот „Зи-Зи топ“ во Скопје, чии сопственици беа 13 години.
Ми недостасуваат „Зи-Зи ТОП“ моментите со Бајо .-Вера со покојниот сопруг
„ Ми фали сето она што им фали и на сите „Зи-Зи“ поклоници. Пијаните ноќи како резултат на фантастичната дружба низ призма на беспрекорната музика која пак беше единствената спојка на сите збиднувања со вкупно 13-те години постоење на ова моќно , градско,македонско и светско збиралиште. Ми фалат утрата по 6, моментот кога се сркаше првата чорба во „Бристол“ залеана со уште понекоја ракија (оти оние не беа доволни од убаини), првиот бурек кај Тетка во Кисела Вода (Таму цело Скопје, таа од под тезга вади љути пиперки за персоналот). Утрата кога некој не стигнал до дома па заспал во околните жардињери, а ние купувавме наочари само за да можеме да се справиме со првото сонце кое ќе не огрее. Доаѓаш дома полн себе, заспиваш, ја чекаш новата вечер која пак те уфрлува повторно и повторно во кругот кој ние го смисливме, оној кој ние го создадовме- затоа менувавме ден за ноќ, затоа бевме ЕКВ деца. Фалат тие-„Зи-Зи“ и Бајо Јанковиќ моменти, остануваат спомените со кои полесно балансираме во одвратниов свет“, ги сподели Вера носталгично сеќавањата во интервју за Женски магазин. (М.Џ.)