Вера Љубојна со емотивни зборови за починатиот татко: „Страле мој... Вака ли се заминува!?“

Вера Милошевска- Јосифовска, пејачката на познатата група „Љубојна“ на својот профил на Фејсбук сподели тажна вест.

Скршена од болка, Вера со емотивни зборови и низа фотографии го испрати својот татко.

„Татичко мој бе, татко, Страле мој... Вака ли се заминува!? Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти... Викаше ми се оди негде да излумпуваме, да се изнапееме... Требаше ОДМА, во првата кафана ќеиф да си напрајме!!! Татко мој единствен и специјален, будалче едно... Сите денес спомнете го татко ми.. испијте по една од мене, пуштете ја "Кирајџиче, јабанџиче..." благо да му е на душата

За сите што го познававте, утре ќе го испратиме во капела од 11-12ч., а од 12ч. ќе биде закопот... мојот убав мил татичко“