Версаче се откажува од животинските кожи
Дизајнерката од светска класа Донатела Версаче објави дека луксузниот моден бренд на нејзиното семејство нема да користи повеќе природна кожа во нејзините производи.
Во интервју за британското списание "1843" (дел од The Economist), италијанската кралица на модата и креативниот директор на „Versace“ објавија дека ќе ја прекинат практиката без да дадат повеќе детали за промените.
„Кожа? Не, благодарам, не сакам да убивам животни во име на модата“, вели дизајнерката во соопштението.
Седиштето на Версаче во Милано, Италија, не беше отворено да коментира за оваа тема. Со оваа одлука, „Versace“ се приклучи на голем број други модни брендови, меѓу кои и Армани, Келвин Клајн, Хуго Бос и Ралф Лорен, кои исто така ги отфрлија кожите од своите колекции.
Досега, луксузниот бренд се спротивставуваше на таквата промена, бидејќи производите од кожата отсекогаш биле составен дел од неговите колекции.