Со цел обезбедување на поголема безбедност за посетителите и вработените, Скопје Сити мол ќе одржи вежба за противпожарна заштита. Утре, 27 март, вторник со почеток во 07:30 часот во трговскиот центар ќе се изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.
Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционалноста на противпожарните системи, функционалноста на Кризниот Штаб на трговскиот центар, како и начин да се тестираат протоколите за брза и соодветна реакција во кризни ситуации.
Главната цел на вежбата е справување со пожар и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол, како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.
Спроведувањето на вежбата е согласно одредбите од Законот за заштита и спасување. Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.