Вежбањето по вакцинацијата ги зголемува шансите за развој на антитела за дури 50 отсто

Добивај вести на Viber

Една нова студија откри дека има 50 отсто поголема веројатност да се создадат повеќе антитела по вакцината кај луѓе кои се физички активни за разлика од тие кои не се движат и не спортуваат. Студијата е на Универзитетот во Глазгов и исто така открива дека 30 минути активност 5 дена во неделата го намалува ризикот од заболување и умирање од заразни болести за 37 проценти.

Овие откритија претставуваат важни сознанија за идните одговори на пандемијата, вели авторот на студијата, професорот Себастијан Частин.

Достапноста на вакцините донесе надеж за крај на пандемијата. Сепак, смртноста и бројот на новозаразени сè уште бе стивнува. Додека се обидуваме да го имунизираме светот, најверојатно сценарио за следните неколку години е дека КОВИД-19 ќе биде како другите заразни болести, како што е грипот, од кои ќе треба постојано да се справуваме и да се заштитуваме.

Читајте ги деталите на Фактор, тука.