(ВИДЕО) 350 милиони евра за највисоката статуа во светот
Под силни безбедносни мерки, во Индија е свечено откриена највисоката статуа во светот. Скулптурата посветена на индискиот херој за независност Сардар Валабхбаи Пател е висока 182 метри, а за нејзината изградба биле потрошени 430 милиони долари.
Спектакуларно претставување на монументална статуа со помош на борбени авиони и хеликоптери падна во втор план поради најавата од потреси. Незадоволните мештани бараат компензација за земјата која им е одземена за да биде поставена „Статуата на единството“. Локалните индијски власти во државата Гуџават тврдат дека 185 семејства кои се иселиле заради поставување на споменикот добиле обештетување на имот од 475 хектари нова земја.
Локалниот шеф на полицијата, Абај Чудасма, вели дека повеќе од пет илјади полицајци биле распоредени на различни пунктови во пречник од 10 километри од местото каде е поставен споменикот.
Грандиозниот споменик кој освен што е двократно повисок од „Кипот на Слободата” во Њујорк, далеку ја надминува и статуата на Буда во кинеската провинција Хенан која како втора во висина има само 128 метри.