(ВИДЕО) Ако седите премногу еве како си го уништувате здравјето -полека, но сигурно!
Седиме во автомобил, додека работиме, додека јадеме, додека употребуваме компјутер, гледаме ТВ и читаме ... А размислуваме ли некогаш како тоа влијае на нашето здравје? Ова видео објавено на Јутјуб покажува како долготрајното седење полека го уништува нашето тело. Ако сте личност која седи шест часа дневно, тоа значи дека за 10 до 20 години ќе ги почуствувате последиците, но и дека животот ќе си го скратите за седум квалитетни години.
Поради долготрајно седење ризикот од смртоносни срцеви проблеми се зголемува дури за 64 посто, додека ризикот од рак на простата или рак на дојка се зголемува за 30 одсто.
Долготрајно седење има и значење на метаболички последици. Тоа негативно влијае на нивото на шеќерот во крвта, триглецериди, холестерол, крвен притисок, и нивото на „хормонот на апетит“ лептин ..и сл.
Седејќи го саботираме и лимфниот состав, кој помага на телото да ги сузбие инфекциите. Лимфните вени, кои ги носат отпадните работи, немаат пумпа како срцето, нив ги контролираат ритмичките контрачции на мускулите во нозете. Значи, додека седите, лимфниот состав не може да си ја врши работата.