Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Баба (93) доби 150 лименки пиво: Откако сликата со „Ми треба уште пиво“ стана вирална
93-годишна баба доби 150 лименки пиво, испорачани на нејзината врата: Откако сликата со „Ми треба уште пиво“ стана вирална
93-годишна жена од Пенсилванија по име Олив Веронеси и снемало пиво кога реши да напише знак: „Ми треба повеќе пиво“ додека е во карантин, а една од нејзините роднини направи фотографија.
Сликата подоцна беше објавена на социјалните медиуми, каде што доби над 5 милиони прегледи.
Претставници на пивото Coors Light кое таа го држеше во раката до напишаниот знак, во понеделникот се појавија на тремот на Oлив и оставија 10 кутии пиво - 150 лименки.
Оливија се само-изолирала во нејзината куќа во Семиноле, Пенсилванија, поради ограничувањата од КОВИД-19 и вели дека нејзините резерви за пиво биле при крај.
„Бев на последните 12 лименки. Како и да е, имам пиво секоја вечер. Пивото има витамини во него; добро е за вас, сè додека не претерувате “, рече Оливија.
Видео: