(ВИДЕО) БИЈОНСЕ ГИ ОБЕДИНИ Destiny's Child на Коачела: Настап за кој зборува светот
Бијонсе на сцената завчера на почетокот на својот настап на фестивалот „Коачелa“ ги изнесе Кели Роуланд и Мишел Вилијамс со кои во 1997 година ги создаде „Дестиниз чајлд“.
Триото изненадувањето го започна со хитот "Lose My Breath" продолжувајќи со нумерата "Say My Name" и "Soldier".
Ова беше прв пат да се појават заедно на бина уште од настапот на доделувањето на "Stellar Gospel Music Awards" во 2015.
36 годишната Бијонсе го започнала настапот со песната „Crazy In Love“, а целиот концерт бил исполнет со војнички мотиви.
Играчите кои ја следеле на бина носеле црни баретки и жолти капи, украсени со воени појаси.
На двочасовниот концерт можеле да се слушнат цитати од Малком Екс, познатиот борец за човекови права, феминистката Чмаманде Нгози Адичи, како и делови од песните на Нина Симон.