(ВИДЕО) Далеку си сонце мое: Калиопи сними емотивна балада
Утрово, на својот јутјуб канал, Калиопи ја промовираше својата нова песна, „Пресуда“. Емотивната балада, за Калиопи ја напиша нејзиниот постојан соработник, поранешниот сопруг, Ромео Грил.
„Далеку си сонце мое, уморна сум, немам воља да се разбудам. Тргнувам, станувам, па се враќам, на некого горе казна му плаќам, да не те видам, тебе да те изгубам“, се дел од стиховите на новата песна, која е снимана во студија во Базел и во Загреб.
Во спотот кој е сниман во скопскиот градски парк, акцент е даден на ликот на Калиопи. Поп-дивата на 23 ноември ќе одржи концерт во Белград, во Сава центарот и премиерно, во живо ќе ја изведе новата песна. Калиопи одржа успешна мини турнеја низ Србија, одржувајжи три концерти: во Крагуевац, во Ниш и во Јагодина.