(ВИДЕО) Го обучила своето куче да доставува намирници на соседка во самоизолација

Рене Хелман никогаш не помислила дека златен ретривер може да доставува намирници до нејзиниот дом. Но, за време на социјална дистанца, тоа е најдобрата опција за Хелман, (71) што живее во Маниту Спрингс, Колорадо.

"Имам ХОББ и проблеми со срцето“, со тоа спаѓа во ризична група граѓани подложни на коронавирусот, „во основа ги поминав последните три недели во мојата куќа", рече Хелман. ХОББ е хронично опструктивно белодробно заболување, болест која влијае на респираторниот систем.

Нејзината сосетка, Карен Евелит, го обучила своето куче, Санденс, да помага во доставувањето храна на Хелман.

Седумгодишната Санденс доставува намирници во домот на соседката.

„Јас готвам храна за неа, а Санденс ги носи и враќа празните чинии“, изјави Евелит за Си-Ен-Ен.

„Секој ден испраќаме нешто напред и назад. Санденс е среќен што ја врши својата работа“, рече Хелман.

Евелит дошла до идејата откако ја видела приказната за куче што ги теши луѓето во болницата во Денвер.
„Помислив: Чекај , имам куче што може да помогне “, изјави Евелит за Си-Ен-Ен. "Нејзината сестра ја проверува еднаш неделно. Но, сега не може заради изолацијата.“

Евелит вели дека Санденс отсекогаш сакал да им помага на другите.

"Тој е хуман херој, ја зима и поштата. Санденс има брат и сестра, но испораката и земањето пошта не е во нивната ДНК “, изјави Евелит за Си-Ен-Ен.

Санденс со неговите брат и сестра, Марго и Марфи Ров

Хелман вели дека сите нејзини соседи понудиле да помогнат на некој начин, но помошта од Санденс е малку поинаква.

„Со Санденс е забавно“.