(ВИДЕО) Исчистете ја рерната со таблета за миење садови: Резултатите се неверојатни

Добивај вести на Viber

Задолжително пробајте го овој трик, нема да верувате колку е лесно

Пред да започнете, не заборавајте да носите за заштита гумени ракавици - затоа што белилото е активната состојка во таблетите кои се користат во машината за миење садови а не сакате белилото да ви ги исуши рацете.

Потоа, ставете ја неотпакуваната таблета во сад со топла вода и започнете со чистење. Започнете со кружни движења низ стаклената врата. Прво испробајте ја сината страна од таблетата, потоа белата страна. Резултатите се брзи: мрсните дамки исчезнуваат по неколку кружни движења.


Продолжете да ја чистите стаклената површина со оваа таблета, потопувајќи ја во топла вода колку што е потребно, сè додека не се растопи.

Откако ќе ја исчистите целата стаклена површина со таблетата, избришете ја со хартиена крпа и потоа со влажна крпа за да ги отстраните сите хемиски остатоци. Стаклото ќе биде апсолутно совршено чисто!

Извор: stil.kurir.rs

Видео: How To With Angie

Направете го за неколку минути: Најефикасното средство за чистење прозорци 

Мали промени во секојдневниот живот кои спречуваат инфекции и зарази