(ВИДЕО) „Километри“ - Велигденски подарок од Лозано кој ќе ве разнежи

Еден од најуспешни музичари на нашата сцена може да се пофали со нов хит кој дефинитивно ќе се врти во етерот со години.

Песната е емотивна а едно е сигурно , ќе ве допре до срце.

Во неа ќе се пронајдат многумина посебно оние кои не живеат повеќе во својата таковина вели за оваа песна Влатко Лозаноски 

„Километри“ е новото музичко остварување на пејачот зад кое како автори повторно се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.

Спотот е снимен во  хотелот „Изгрев“ под режија на „Веста продукција“ од Битола а вие пуштете си ја песната и уживајте.