Ана Цакиќ и Нина Ричи се двете згодни девојки - српски модели кои позираа за познатиот македонски бренд #SF за компанијата Sara Fashion. Фото сесијата се одвиваше во ресорт Alia Palace во Пефкохори и на Possidi Beaech во Посиди на првиот крак на Халкидики.
Ана Цакиќ родена е во Белград, има завшено Правен факултет, интересно е дека е европски шампион во карате. Ана има богато портфолио и работела за разни брендови во Европа но најголем успех во кариерата постигнала 2016 година во Шангај, додека 2017 во Бејрут комплетен погодок и е кампањата на Elia Saab.
Нина Ричи родена е во Нови Сад, дипломирала менаџер за инжинерство, работи како маркетинг агент и има свој сајт за убавина, работела за познати модни куќи како Etam, Philipp Plein, Superdry.
Нив, друштво за кампањата им правеше и македонскиот модел Влатко Кузмановски од Скопје, во продукција на Ани и Дими и видео на Дарко Митев.