(ВИДЕО) Лекарите кренаа раце од неа: Сега сестра ѝ ја носи на своите нозе - сака да го направи невозможното, да победи

Апел за помош на девојка на која и се дадоа нула проценти шанса да преживее

И во соседството, како и кај нас секојдневно се бараат донации од хумани луѓе, кои се потребни за лекување. Таква е и приказната на дваесет и шест годишната Јелена Малетиќ од соседна Србија, која пред две години доживеа тешка сообраќајна несреќа, тогаш лекарите и дадоа нула проценти шанса да преживее. 

Таа претрпела сериозни повреди на главата, едем на мозокот, хематоми, повреди на стомакот и скршеница на фемурот. По многубројните операции каде и ја извадиле слезината, и го скратиле тенкото црево и го зашиле црниот дроб на четири места, немало време да се изврши операција на ногата. Ногата и била само фиксирана и залечена на тој начин, па сега е пократка за 6 см.

Кога Јелена се разбудила, започнала тешка борба. Една година по несреќата, таа ги изговорила своите први зборови и почнала да јаде без стома. Во текот на овие две години, таа поминала време во разни центри за рехабилитација. Била третирана со хомеопатија и кинеска медицина, акупунктура и акупресура. Сите горенаведени дале резултат, а оваа година Јелена успеа да застане на нозе, но не и сама да оди.

Јелена сега е на поликлиниката МД во Нови Сад, што и дава надеж дека ќе оди и ќе ја подобри својата состојба толку многу што ќе може да се грижи за себе во иднина. Потребна и е помош за финансирање на физикална терапија, специјална невролошка рехабилитација, терапија со роботи од најнова технологија, третмани со матични клетки, лекови и медицински материјали.

За време на бавното закрепнување, Јелена се потпира на поддршката од своето семејство, кои ја охрабруваат и тренираат секој ден со неа за да ги направат своите први чекори по несреќата. Видеото објавено на Твитер профилот на Јелена, кое покажува колку љубовта и поддршката на нејзината сестра и значат, е особено шокантно и трогателно.


Имено, бидејќи Јелена сè уште не може да ги користи нозете, оди на нозете на нејзината сестра.


Колку е бавно и тешко закрепнувањето на Јелена може да се види од напорот што и е потребен за да направи дури и најмал чекор со помош на шетач, додека нејзините најблиски ја охрабруваат и помагаат.


Извор: objektiv.rs

Moжеби ќе ве интересира:

Интервју со Али Февзи: Ќе се повлечам од хуманитарната мисија зошто многу ме клеветат и немам повеќе пари